НОВО ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ ВО ЧАИР И ВО БУТЕЛ Инвестициите во чисти технологии носат почист воздух и поевтино греење

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ја посети новата когенеративна постројка на „Теса Енерџи“, приватна инвестиција вредна 2,5 милиони евра, и најави дена на оваа мрежа за греење ќе се приклучат и јавни и здравствени установи меѓу кои Специјализираната болница за гинекологија и акушерство и училиштето „Хасан Приштина“.

0

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот пресврт веќе дава конкретни резултати за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот во главниот град, рече министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа за време на денешниот увид во работата на новата когенеративна постројка на „Теса Енерџи“.

Проектот, кој e приватна инвестиција вредна 2,5 милиони евра, влегува во нова фаза на реализација, обезбедувајќи посовремена, поефикасна и значително поеколошка испорака на топлинска и електрична енергија.






– Оваа инвестиција на приватниот сектор во современи и чисти технологии директно го поддржува организираниот одговор против аерозагадувањето. Со преодот на поефикасни енергетски системи драстично се намалуваат загубите на енергија и штетните емисии на гасови, што е клучниот чекор кон обезбедување повисоки еколошки стандарди – рече министерот.

Во моментот, над 500 семејства од општините Чаир и Бутел веќе се приклучуваат на новиот систем за централно греење, а покрај домаќинствата, во мрежата ќе се интегрираат и јавни и здравствени установи меѓу кои Специјализираната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир и Основното училиште „Хасан Приштина“.

– За граѓаните и институциите исклучително значаен е и директниот економски ефект – топлината што ја испорачува оваа постројка е за 20 отсто поевтина во споредба со алтернативните системи за централно греење“, соопшти министерството – додаде Хоџа.

Министерот Хоџа упати апел до сите граѓани, домаќинства и деловни субјекти од овој дел на градот да ја искористат можноста за приклучување на новата мрежа, со што директно ќе придонесуваат и за сопствениот буџет и за заедничката борба за почист воздух.

Поврзани содржини