📽️ ГОРИГА ОД ПРВА ЈА ЗАПЕА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА Емотивно деби во националниот дрес

Горига го имаше првиот настап за македонската ракометна репрезентација во победата над Луксембург. Украинецот привлече внимание уште пред почетокот на натпреварот, кога ја пееше македонската химна.

108

Украинскиот ракометар Дмитро Горига покажа колку му значи настапот за Македонија уште пред да го одигра првиот натпревар во националниот дрес. Додека се интонираше македонската химна, тој ја пееше заедно со своите нови соиграчи, а снимката од овој момент привлече внимание во јавноста.

Хориха дебитираше во вчерашната победа над Луксембург, на стартот од квалификациите за Европското првенство. Македонија го совлада Луксембург со убедливи 41:23 во Скопје, а Горига го одбележа своето деби со три погодоци.






Македонската публика добро го познава Горига по настапите за Вардар, додека денес игра за унгарскиот ПИК Сегед. По добивањето македонски пасош, Горига порача дека Македонија одамна ја чувствува како свој дом.

Со неговото приклучување, македонската репрезентација добива дополнителна опција на бековската позиција и поддршка за капитенот Филип Кузмановски.

Поврзани содржини