НЕ ЈА ВРАТИЛА ЌЕРКАТА КАЈ ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ Охриѓанка пријавена за одземање дете

Според полицијата, 37-годишната жена не ја вратила малолетната ќерка на сопругот, кому детето му било доверено на грижа и воспитување.

50

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишната А.А. од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“.

Според пријавата, жената на 9 октомври годинава не ја вратила навреме малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, иако според договорот била должна да го стори тоа.






На сопругот, според полициските информации, детето му било доделено на грижа, издржување и воспитување.
Пријавата е поднесена согласно член 198 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини