ДОШОЛ СО БОЛКИ, НО ЛЕКАРОТ НЕ САКАЛ ДА ГО ПРЕГЛЕДА Гостиварец тврди дека бил одбиен и отстранет од Ургентниот центар

53-годишен жител на Гостивар пријавил дека дежурен лекар одбил да му укаже помош или да го упати во друга установа, по што, според неговите наводи, бил отстранет од обезбедувањето.

94

53-годишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека не добил лекарска помош во Ургентниот центар во градот, каде што побарал помош поради болки во стомакот, а потоа, според неговата пријава, бил отстранет од просториите од обезбедувањето.

Како што соопштија од СВР Тетово, А.И. (53) од Гостивар вчера во 00:30 часот го пријавил случајот во Полициската станица во Гостивар.






Тој навел дека околу 23:40 часот побарал лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар поради болки во стомакот, но дежурниот лекар, според пријавеното, одбил да му укаже помош или да го упати во друга здравствена установа.

Потоа, како што пријавил, службениците од обезбедувањето го отстраниле од просториите на Ургентниот центар.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини