ОД ЏЕБ МУ ИСПАДНАЛЕ 193 ТАБЛЕТИ? Уапсен 24-годишник во отворено затворско одделение
Младиот велешанец бил забележан во кругот на отвореното одделение на затворот во Велес, а таблетите биле пронајдени и одземени.
Полициски службеници од СВР Велес вчера вечер го уапсиле 24-годишниот Д.Р. од Велес, откако кај него биле пронајдени 193 таблети во кругот на затворот Идризово – Отворено одделение Велес.
Според информациите од полицијата, младиот велешанец бил забележан во кругот на казнено-поправната установа, при што од џебот му паднале таблетите.
Тие биле пронајдени и одземени, а Д.Р. бил приведен во полициска станица.
За случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.