ПРИВЕДЕН Е СОПСТВЕНИКОТ НА АЛТА БАНКА-БЕЛГРАД Полицијата повеќе од 30 часа вршеше претрес во банката
Сопственикот на банката е приведен три дена откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде лиценцата на Алта банка.
Српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка бил приведен во текот на ноќта, објавија српските медиуми.
На неговото апсење му претходел повеќечасовен полициски претрес на банка чија лиценца е одземена од Народната банка на Србија, по што е поведена стечајна постапка.
Според медиумите, Мацура бил приведен откако полицијата ги претресувала просториите на Алта банка повеќе од 30 часа.
Истрагата започна во саботата, откако Извршниот одбор на Народната банка на Србија рано наутро донесе одлука да ја одземе лиценцата за работа на Банката, по што е покренат стечај.
Народната банка на Србија поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал против правното лице Алта банка и неколку одговорни лица од таа банка.
Мацура е познат како сопственик на Алта банка, а српските медиуми го опишуваат како претприемач близок до Српската напредна партија, која со години беше на власт под водство на Александар Вучиќ.