МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЈА СТАВИ АЛТА БАНКА-БИТОЛА НА „ЛИСТАТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ“ Со тоа ги информира инвеститорите дека Народна банка воведе администрација во банката

Од Македонска берза информираат дека ова е обврска која произлегува од Правилата за котација.

56

Македонска берза  денеска ја стави  АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“, со цел , како што наведе во соопштението, да се информираат инвеститорите за одлуката на Народна Банка за воведување администрација во банката.

„Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.






Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“, се наведува во соопштението од Македонска берза.

Внесувањето на Листата за набљудување не значи автоматско запирање на тргувањето со акциите на Банката. Станува збор за механизам преку кој Берзата ги информира инвеститорите за специфични околности што треба да ги имаат предвид при донесувањето инвестициски одлуки.

Листа за набљудување на берза (watchlist) е прилагодена дигитална листа на акции или други финансиски инструменти кои инвеститорот ги издвојува за редовно да ги следи нивните промени во цената и пазарните перформанси. Наместо секојдневно да пребаруваaт илјадници компании, оваа алатка им овозможува брз, организиран и прегледен пристап до оние кои се во нивниот фокус.

Поврзани содржини