НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ Е СОПСТВЕНИК НА ГЛАСОВИТЕ Вреди смета дека граѓанската волја треба да биде надпартиска

188

Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите и не може да бара сопственост над нив. Гласовите им припаѓаат на граѓаните, кои се слободни да одлучат кому ќе ја доверат својата поддршка. Ова е демократскиот принцип кој треба да го почитуваат сите, соопшти Вреди по изборите во Брвеница.

„Изборите во Брвеница ни покажаа кое дека нашата земја има уште многу работа за да изгради сеопфатен граѓански модел. Бидејќи, граѓански модел не може да се гради со повикување на етничко гласање заедно со СДСМ и Левица. Бидејќи, таму каде што е Левица, нема Албанци! Бидејќи во општествата со етничка разновидност секоја акција предизвикува реакција. Бидејќи, ваквиот пристап ризикува да создаде затворен круг на поттикнување и поларизирачка реторика и продлабочување на етничките поделби. Како резултат на тоа, наместо напредок, ќе имаме уназадување“, се наведува во соопштението на Вреди.






Оттаму додаваат дека изборите во Брвеница се одржале во слободен и демократски процес, без инциденти и без прекршување на изборните правила. Во една демократија, волјата на граѓаните е и треба да остане над секој интерес, а во локалните демократии, граѓанската волја е и треба да биде надпартиска, порача Вреди.

 

Поврзани содржини