НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 2 ДО 8 НОЕМВРИ Ракот влегува во нова љубовна приказна, Девицата добива деловна шанса

Бикот го очекува разочарување, Лавот се враќа на стара идеја, а Рибите среќаваат стара љубов.

150

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Фото: Pixabay

Работа: Последната Месечева четвртина во куќата на креативноста, на 2 ноември, ви носи успех во уметнички проект или приватен бизнис. Опозицијата со вашиот владетел Плутон, планетата на парите, предупредува на дополнителна претпазливост со финансиите. Со конјункцијата на Сонцето и Меркур, симболите на амбицијата и комуникацијата, во куќата на парите, на 5 ноември, ве очекуваат вонредни трошоци и важни одлуки.

Љубов: Со нагласената куќа на љубовниот живот, во која се наоѓа и вашиот владетел Марс, планетата на страста, но и на конфликтите, на почетокот на периодот може да се најдете пред важна емотивна одлука. Опозицијата меѓу Нептун и Венера, која владее со партнерските односи, ви носи заљубување, но и можност за разочарување.

Здравје: Подложност на повреди.

Бик (21.4 – 21.5)

Фото: Pixabay

Работа: Со последната Месечева четвртина во четвртата куќа, на 2 ноември, во опозиција со владетелите на вашите финансии, би требало да почекате подобар момент доколку размислувате за вложување во семеен бизнис или друг вид самостојна дејност. Во вториот дел од неделата можете да очекувате зголемување на приходите преку работи поврзани со недвижности, екологија или органска храна.

Љубов: Почетокот на периодот носи недоразбирања, кавги, расправии и конфликти со членовите на семејството и со саканата личност, кои може да кулминираат на 5 ноември, во време на конјункцијата на ретроградниот Меркур и Сонцето во куќата на партнерството и бракот. Слободните Бикови ги очекува разочарување поради одредени сознанија за личност која им се допаѓа.

Здравје: Чувствителен коскено-зглобен систем.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Фото: Pixabay

Работа: Владетелот на вашите финансии, Месечината, во фазата на последната четвртина, на 2 ноември, ви носи можност да завршите работа поврзана со пократки патувања или да потпишете исплатлив договор. Со конјункцијата на вашиот владетел Меркур и Сонцето во куќата на работата, на 5 ноември, под влијание на Сатурн од куќата на плановите, ќе мора да вложите повеќе напор за да ги завршите сите обврски.

Љубов: Позицијата на владетелот на вашиот приватен живот, кон крајот на неделата, повторно ги изнесува на површина нерасчистените односи со партнерот, поради што ќе мора да преземете поконкретни чекори. Кон крајот на периодот добивате романтична порака од поранешна симпатија или од некого што се враќа од подолго патување.

Здравје: Чувствителен урогенитален тракт.

Рак (22.6 – 22.7)

Фото: Pixabay

Работа: Последната четвртина на вашиот владетел Месечината во астролошката куќа на парите, на 2 ноември, создава напнат аспект со Сатурн во куќата на кариерата, носејќи ви финансиски проблеми и конфликти со претпоставените и авторитетите. Обидете се да го одложите потпишувањето важни договори и спогодби во средината на неделата. Кон крајот на периодот можен е повраток на стара идеја или соработка со поранешни партнери.

Љубов: Конјункцијата на Сонцето и Меркур во вашата куќа на љубовта, на 5 ноември, на слободните Ракови им носи можност за влегување во нова врска, како и поголеми шанси за проширување на семејството. Имате чувство дека брачниот или долгогодишниот партнер крие нешто од вас, а веројатно интуицијата не ве лаже. Добивате порака од еден Јарец.

Здравје: Потребен ви е одмор.

Лав (23.7 22.8)

Работа: Вашиот владетел Сонцето, на 5 ноември, прави конјункција со ретроградниот Меркур, владетелот на вашите финансии и планови, што ве прави подготвени да се вратите на стара деловна идеја или на соработка со стар тим. Ве очекува зголемување на приходите преку соработка со странци, патувања, образование или решавање правни прашања. Кон крајот на неделата можен е конфликт со авторитети.

Љубов: Со нагласената куќа на приватниот живот ве очекуваат кавги, конфликти и расправии со членовите на семејството, особено во средината на периодот. Опозицијата меѓу ретроградната Венера во куќата на комуникацијата и ретроградниот Нептун може да ви донесе романтична средба со некого на патување, но и склоност кон идеализирање и заблуди.

Здравје: Кардиоваскуларни тегоби.

Девица (23.8 – 22,9)

Фото: Pixabay

Работа: Со последната Месечева четвртина во куќата на ограничувањата и пречките, на 2 ноември, ве очекуваат недоразбирања со претпоставените и авторитетите. Можно е зголемување на заработката преку соработка со поранешни соработници или реализација на стара деловна идеја. Нагласената куќа на комуникацијата и бизнисот, на 5 ноември, може да ви донесе добивка преку потпишување исплатлив договор и пократки патувања.

Љубов: Ретроградниот Нептун, кој управува со брачните односи, во куќата на вашата интимност прави опозиција со ретроградната Венера во куќата на потсвеста, тајните и романтиката, што ве прави склони кон заблуди, идеализирање и разочарување кога станува збор за партнерот. Слободните Девици во средината на неделата може да запознаат некого на пократко патување.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.

Вага (23.9 – 22.10)

Фото: Pixabay

Работа: Нагласената куќа на работата и парите ве насочува кон заработката и решавањето финансиски прашања, особено во средината на периодот. Опозицијата меѓу вашиот владетел Венера и Нептун, планетите на парите и измамите, предупредува на претпазливост при вложувањата. Последната четвртина на Месечината, владетелот на вашата кариера, на 2 ноември, ви носи успех преку деловно партнерство, јавна дејност или судски спор.

Љубов: Ретроградниот Меркур, кој управува со вашата потсвест, на 5 ноември прави конјункција со Сонцето во знакот на интуицијата, што ве прави склони кон преиспитување на минатото и односот со саканата личност. Слободните Ваги може да се најдат пред одлука дали да обноват врска со некого што се обидува повторно да влезе во нивниот живот. Послушајте совет од Лав.

Здравје: Чувствителен коскено-зглобен систем.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Фото: Pixabay

Работа: Со последната Месечева четвртина во куќата на кариерата, во опозиција со вашиот владетел Плутон, на 2 ноември, можете да очекувате недоразбирања со претпоставените, но и вонредни трошоци. Конјункцијата на Сонцето и ретроградниот Меркур, симболите на амбицијата и комуникацијата, во вашиот знак, во средината на периодот, предупредува да обрнете поголемо внимание на документацијата и вредните ситници.

Љубов: Владетелот на вашата интимност и општествен живот, под влијание на Сатурн, планетата на сомнежите, пречките и ограничувањата, во средината на неделата ве прави склони кон преиспитување на чувствата кон партнерот. Опозицијата меѓу Венера, која управува со емотивниот живот, и Нептун, планетата на романтиката, на слободните им носи љубовен занес.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Фото: Pixabay

Работа: Последната четвртина на Месечината, која управува со вашите финансии, на 2 ноември прави тригон со Сатурн и вашиот владетел Нептун во куќата на креативноста, носејќи ви добивки преку уметност, самостојна дејност или работа што има допирни точки со спортот и децата. Во втората половина од неделата можни се недоразбирања со авторитетите или претпоставените. Послушајте ги советите на Вагата и Лавот.

Љубов: Аспектите на Месечината, која управува со вашата интимност, на почетокот на периодот ве прават склони кон преиспитување на односот со саканата личност. Спојот на Сонцето и ретроградниот Меркур, владетелот на партнерските односи, во куќата на романтиката, каде што се наоѓа и ретроградната Венера, планетата на љубовта, на 5 ноември навестува тајна средба.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

Јарец (22.12 – 20.1)

Фото: Pixabay

Работа: Опозицијата меѓу Плутон и последната Месечева четвртина во куќата на парите, на 2 ноември, ве насочува кон важни финансиски прашања, кредит, стипендија или поделба на имот. Спојот на Сонцето и ретроградниот Меркур во куќата на амбициите и плановите, на 5 ноември, под влијание на вашиот владетел Сатурн, носи можност за општествен или политички ангажман. Можни се проблеми со правни постапки или на патување.

Љубов: Со нагласената куќа на општествениот живот, во средината на периодот, ве очекуваат повеќе излегувања и дружења, враќање на стари пријатели, а можна е и љубов што ќе се роди од пријателство. Можно е обновување на комуникацијата со стара симпатија или ново познанство преку интернет. Некој кого долго време не сте го виделе сака повторно да влезе во вашиот живот.

Здравје: Склоност кон интроспекција.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Последната Месечева четвртина во куќата на партнерските односи, на 2 ноември, прави опозиција со Плутон во вашиот знак, носејќи ви тешкотии во комуникацијата со другите, особено ако сте родени во првата декада. Во средината на неделата можни се проблеми на пократко патување, со правни прашања или документација. Кон крајот на периодот следува обновување на соработката со стара екипа и решавање на стари правни прашања.

Љубов: Меркур, владетелот на вашиот љубовен живот, на 5 ноември прави конјункција со Сонцето, владетелот на партнерските односи, но и напнат аспект со вашиот владетел Сатурн, планетата на ограничувањата. Ќе мора да вложите повеќе трпение и напор за да ја подобрите комуникацијата со саканата личност.

Здравје: Кардиоваскуларни тегоби.

Риби (20.2 – 20.3)

Фото: Pixabay

Работа: Вашиот владетел, ретроградниот Нептун, кој управува и со вашата кариера, во тригон со последната Месечева четвртина во куќата на работата, на 2 ноември, ви носи можност да реализирате стара деловна идеја или да ја обновите соработката со поранешни деловни партнери. Бидете повнимателни доколку планирате вложување во нова работа, поради можност од финансиски измами или манипулации.

Љубов: Ретроградниот Меркур, кој управува со вашите партнерски односи и приватен живот, на 5 ноември, во конјункција со Сонцето, на слободните Риби им носи средба со стара љубов или влегување во нова врска со некого од кого ги дели поголема разлика во годините. Можни се расправии со саканата личност и членовите на семејството.

Здравје: Поминувајте повеќе време во природа.

Поврзани содржини