🎥НАЈМАЛКУ 46 ЗАГИНАТИ ВО ДИРЕКТЕН СУДИР НА ДВА БРЗИ ВОЗА ВО ШПАНИЈА Повеќе вагони излетале од пругата

Железничкиот сообраќај на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија е прекинат.

373

Два брзи воза се судрија денеска во Шпанија, при што загинаа најмалку 46 луѓе.

Железничкиот сообраќај на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија е прекинат.






Информацијата ја потврди и железничкиот оператор Адиф.

„Сообраќајот на линијата за брзи возови Мадрид-Андалузија е прекинат откако еден воз се судрил со друг“, објавија шпанските железници на Икс.

Шпанскиот весник Ел Паис извести дека сведоците зборуваат за бројни повредени и дека екипите за итни случаи се на местото на настанот.

Истиот весник наведува дека два вагона излетале од шините и паднале во насип. Несреќата се случила кратко по 9 часот наутро по локално време помеѓу градовите Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо.

Во судирот учествувале воз на шпанскиот државен железнички оператор „Ренфе“, кој сообраќал на линијата Мадрид–Севилја и воз на приватната компанија „Ирио“ (Iryo), кој се движел во спротивна насока.

На местото на несреќата се испратени пожарникари, амбулантни возила и медицински екипи, а локалните служби организирале помош за повредените.

Поврзани содржини