ТЕМУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА Ќе спречува продажба на небезбедни производи

Тему вети дека ќе спроведе анализа на ризик, повнимателно ќе ги следи мерките што ја спречуваат продажбата на нелегални производи и ќе ги зајакне контролите доколку е потребно.

41

Кинеската интернет платформа Тему подготви акциски план со кој компанијата се обврза на дополнителни мерки за спречување на продажба на нелегални и небезбедни производи. Планот е одговор на европската казна од 200 милиони  за кршење на обврските утврдени со Законот за дигитални услуги на Европската Унија.

Платформата го достави овој план до Европската комисија која деновиве го прифати.






Според соопштението на Европската комисија, Тему вети дека ќе спроведе анализа на ризик, повнимателно ќе ги следи мерките што ја спречуваат продажбата на нелегални производи и ќе ги зајакне контролите доколку е потребно. Компанијата, исто така, ќе разгледа како нејзините системи за препораки за производи можат да придонесат за ширење на нелегална стока.

Казна од 200 милиони евра беше изречена во мај оваа година, откако истрагата покажа дека платформата не ги препознавала и отстранувала соодветно ризиците поврзани со продажбата на нелегални и небезбедни производи. Примерите вклучуваат опасни играчки за бебиња и неисправни полначи.

Во октомври 2024 година беше започната формална истрага за да се утврди дали Тему ги исполнува своите обврски како многу голема интернет платформа според Законот за дигитални услуги на Европската Унија, пишува Euronews.

Тему го поздрави прифаќањето на планот, наведувајќи дека ја ценат соработката со европските регулатори. Компанијата изјави дека планот е потврда за нејзината посветеност на инвестирање во систем за усогласеност со регулативите и создавање побезбедна средина за купување за корисниците во Европската Унија.

Тема има околу 130 милиони корисници во 27-те земји-членки на Европската Унија, што ја рангира меѓу најголемите онлајн трговци на мало на европскиот пазар.

Платформата, како и другите онлајн продавници, се соочува со нови такси за мали пратки. Од јули, за пратки со мала вредност се применува такса од 3 евра.

Според податоците дадени во извештајот, по воведувањето на новите правила, увозот на пратки, особено од Кина, е намален за 30 до 40%.ТЕ

Поврзани содржини