ПРАТЕНИЦИТЕ Ѝ ИЗГЛАСАА ДОВЕРБА НА МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА Владејачкото мнозинство оцени дека нема аргументи за нејзина смена
Според владејачкото мнозинство, интерпелацијата не содржи аргументи што би ја довеле во прашање работата на министерката, оценувајќи дека земјата во моментот спроведува политики и проекти што треба да придонесат за поголема енергетска стабилност и усогласување со европските стандарди.
Со 19 гласови „за“, 63 „против“ и ниту еден воздржан, пратениците денеска не ја изгласаа интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица.
Во расправата за интерпелацијата за министерката Божиновска, пратениците од опозицијата ја обвинија за недоволни резултати во енергетиката и рударството, за неправилности во извршувањето на функцијата, деградација на јавниот интерес и грубо непочитување на законите. Владејачкото мнозинство ја бранеше нејзината работа со аргументи дека се реализираат значајни реформи и инвестиции.