📽️ ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗДА ПОМИНАЛА ДЕН ВО ЗАБАВЕН ПАРК БЕЗ ДА ЈА ПРЕПОЗНААТ Сидни Свини со кафеава перика со шишки уживаше во анонимноста

Ѕвездата на „Еуфорија“ направи мал трик за да ужива во забавен ден со најдобрата пријателка без да ја препознаат обожавателите. Препознатливите руси локни ги замени со кафеава перика, а изгледот го надополни со големи очила за сонце.

480

Американската актерка Сидни Свини е едно од препознатливите лица во Холивуд, па затоа не ѝ е лесно да се движи незабележано на јавни места. Но, овојпат успеала да го избегне вниманието благодарение на едноставна маска.

Актерката на социјалните мрежи сподели фотографии од дружењето со најдобрата пријателка Џејд Емори Хафнер, која дошла на идеја двете да се преправат во туристки и еден ден да уживаат без да привлекуваат внимание.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jayde Emory Hafner (@jaydehafner)

Тие го поминале денот во забавен парк на пристаништето во американскиот град Санта Моника. Со перики и во обична облека шетале низ градот, јаделе, се возеле на панорамско тркало и разгледувале продавници во околината.

Кафеавата коса со шишки и големите очила за сонце направиле 29-годишната актерка да изгледа толку поинаку што минувачите не ја препознале. И нејзината пријателка објави фотографии од авантурата, откривајќи дека целта им била да го поминат денот како обични туристки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Ова не е првпат Свини да го менува изгледот со помош на перика. На Мет галата во 2024 година се појави со кратка црна боб-фризура, а темнокоса беше и во филмот „Кристи“ од 2025 година, во кој ја толкуваше боксерката Кристи Мартин.

Поврзани содржини