ФИЛИПЧЕ ГО НАВРЕДИ ПОЧИНАТИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА БРВЕНИЦА ЈОВИЦА ИЛИЕВСКИ Неговото име го стави во контекст на криминал и корупција

„Ваквото однесување покажува дека Венко Филипче е во специфична состојба и ги поминува сите граници“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

164

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за несоодветни навреди кон починатиот градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски, кој беше избран од редовите на владејачката партија.

Од партијата велат дека се згрозени од изјавите на Филипче, во кои, како што наведуваат, Илиевски бил доведен во контекст на криминал и незаконско работење.






„Ваквото однесување покажува дека Венко Филипче е во специфична состојба и ги поминува сите граници“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека нема да возвраќаат со иста реторика, но сметаат дека Филипче треба да покаже почит кон починатиот градоначалник и неговото семејство.

Во реакцијата се истакнува дека Јовица Илиевски важел за мирен, семеен и чесен човек, кој двапати по ред ја добил довербата на жителите на Општина Брвеница.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека граѓаните ќе го запомнат однесувањето на Филипче и ќе го имаат предвид при следното гласање.

„Нема да се спуштаме на негово ниво и да ја употребуваме неговата реторика, иако би имале многу да кажеме. Но, она што и Венко најмалку го должи спрема Брвеница и семејството на градоначалникот е да ги почитува ликот и делото на Јовица Илиевски, кој важеше за мирен, семеен и исклучително чесен човек, кој двапати по ред ја добиваше довербата на жителите на општината“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Поврзани содржини