ЦРНОГОРЕЦ ЛЕТАЛ КОН ТАБАНОВЦЕ СО 185 КМ/Ч Камерите го евидентирале, а полицијата го приведен на граница

Системот „Безбеден град“ го евидентирал 34-годишниот црногорски државјанин кај клучката Дељадровци. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

79

34-годишен црногорски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека возел со 185 километри на час на делница од автопатот Скопје – Табановце, каде што максимално дозволената брзина е 100 километри на час.

М.Н. бил запрен на 14 октомври во 14:25 часот, при излез од државата, кога полициските службеници при проверка на неговото возило „БМВ“ со црногорски регистарски ознаки утврдиле дека е евидентиран за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.






Прекршувањето било регистрирано на автопатот Скопје – Граничен премин Табановце, во близина на клучката Дељадровци. Возачот се движел со брзина од 185 километри на час, односно 85 километри на час над дозволената.

По лишувањето од слобода, 34-годишникот бил спроведен во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини