ОДБРАНАТА НА АРТАН ГРУБИ СЕ ОГРАДИ ОД СИНОЌЕШНИОТ СОБИР „Не станува збор за организиран настан, ниту за притисок врз судот“

Потенцираме дека Артан Груби не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива - нагласува одбраната на Артан Груби во соопштение.

120

Одбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели, по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по 8 месеци притвор.

„Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки.






Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста.

Одбраната нагласува дека почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење. Секое одлучување на надлежните органи треба да се почитува без политички притисоци, лични интерпретации и јавен притисок.

Воедно, потенцираме дека Артан Груби не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива. Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната.

Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка“ – се вели во соопштението на одбраната на Артан Груби.

Поврзани содржини