ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА НА ЅВЕЗДАТА НА „БРЕЈКИНГ БЕД“ СЕ ПРОСТИ ОД НЕГО „Имаше ретко благородно срце“
Сент Саша, со која Сент Саша, со која Ар Џеј Мити бил во врска во тинејџерските години, објави нивни стари фотографии и емотивна порака по неговата смрт. Таа вели дека тој бил првиот маж што ѝ покажал како треба маж да се однесува кон една жена.
По веста за смртта на актерот Ар Џеј Мити, најпознат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во серијата „Брејкинг бед“, се огласи и неговата поранешна девојка од тинејџерските години, Сент Саша. Таа на социјалните мрежи објави нивни стари фотографии и се прости од актерот со емотивна порака во која се присети на нивната врска и на влијанието што го имал врз неа.
– Првпат се заљубив кога имав 18 години. Ар Џеј беше првиот човек што ми покажа како еден маж треба да се однесува кон една жена. Тој беше првиот партнер што ме охрабруваше и покрај кого се чувствував како ништо да не може да ме запре – напишала таа.
Саша додала дека Мити имал едно од најблагородните и најретките срца што имала чест да ги запознае. Иако нивната љубовна врска завршила, тие останале пријатели.
– Не можам да верувам дека ова е реалност. Никогаш, во ниту еден живот, нема да го заборавам него и чувството што го имав покрај него. Тој беше единствен. Ти благодарам за сè, засекогаш, Р. Џ. Те сакам, пријателе – пишува таа.
View this post on Instagram
Смртта на актерот доаѓа една година по неговата свршувачка со Кенеди Суарез, која ја запроси на нејзиниот 30. роденден. Во октомври 2025 година, во интервју за списанието „Пипл“, Мити зборувал за среќата што ја пронашол во нивната врска.
– Пресреќен сум што ја најдов својата личност, животната партнерка покрај која сакам да станувам подобар, без оглед на тоа што правиме. Кенеди ми значи сè и едвај чекам официјално да го започнеме нашиот заеднички живот и да видиме какви авантури нè очекуваат – изјавил тогаш.
По свршувачката, Суарез на Инстаграм напишала дека нејзиниот 30. роденден бил како од бајка и дека покрај себе го има мажот од своите соништа, со кого ја споделува и желбата да им помагаат на другите.
View this post on Instagram
Ар Џеј Мити се прослави со улогата на Волтер „Флин“ Вајт Џуниор, синот на главниот лик во култната серија „Брејкинг бед“. Тој се појави во 56 епизоди од серијата, која се емитуваше од 2008 до 2013 година, заедно со Брајан Кренстон и Арон Пол.
Неговиот претставник по смртта го опиша како сакан актер, филантроп и посветен застапник за правата на лицата со попреченост. Веста предизвика бројни реакции од колегите и обожавателите, меѓу кои и од Брајан Кренстон, кој во серијата го играше неговиот татко.