ДАЛИ ЗАД ИВА МИХАИЛОВА СТОЈАТ ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ, УЦЕНЕТИ ОД РАДЕВ? Препораката за лекување во Бугарија ја дал нивен близок лекар, осуден во „Метастаза“

Очекуваме одговори од Венко Филипче и од Зоран Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев, рече денеска на вонредна прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

226

СДСМ повторно одигра за Бугарија преку Венко Филипче и Зоран Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија, рече денеска на вонредна прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

– Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. Имено, докторот кој ја констатира дијагнозата на Ива Михаилова е доктор Иван Барбов, кој беше поставен за директор на Клиниката за неврологија во 2017 година, од страна на Зоран Заев и Венко Филипче. Токму докторот Иван Барбов изготвил извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, туку дека ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија – рече Манасиевски.






Истиот Иван Барбов е познат во јавноста како осуден криминалец во судскиот случај „Метастаза“, додаде тој.

– Барбов бил еден од обвинетите за посредувње во издавањето инвалидски пензии. Според информациите кои тогаш ги објавија и медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање инвалидски пензии. Групата на Барбов за двете години додека дејствувале, според податоците кои во јавноста излегоа преку медиумите, заработиле 165.000 евра, но и го оштетиле Фондот за здравство за 53.000 евра, за што Иван Барбов е и правосилно осуден – рече Манасиевски.

Додаде дека очекуваат одговори.

– Очекуваме одговори од Филипче и од Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто Филипче и Заев си играат со довербата на јавноста? Очекуваме постапка по допрен глас и истрага на овој случај во кој се сомневаме дека имаат вмешано прсти Филипче и Заев, преку својот доктор Барбов, а зад целата оваа операција стои токму Бугарија и Румен Радев – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Во извештајот за лекување на Михаилова, на кој укажува ВМРО-ДПМНЕ, од март 2026 година, потпишан од д-р Иван Барбов, се наведува дека за нејзините спазми во нозете е потребно да се вгради поткожна пумпа, во Бугарија или во Турција.

 

Поврзани содржини