ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Јовица Андовски навел дека има лични причини

433

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од лични причини. Оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски на 9 октомври, а таа денеска е депонирана во Собранието.

„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем. На претседателот на Владата и на сите членови на Владата им посакувам успех во понатамошната работа и во остварувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува во оставката на Андовски.






Тој беше заменик од почетокот на мандатот на Владата на Мицкоски во време кога сме сменија тројца министри – Арбен Таравари, Азир Алиу и Сашо Клековски.

Поврзани содржини