ЈА ОТКРИЛЕ ДЕКА ЛАЖЕ ОТКАКО ПРИЈАВИЛА КРАЖБА НА НАКИТ ОД 3.000 ЕВРА Кривична за 24-годишна жителка на Дебар
24-годишната жена пријавила дека од нејзината куќа биле украдени златен накит и други предмети вредни околу 3.000 евра. По полициските проверки било утврдено дека пријавата е лажна.
24-годишна дебарчанка е кривично пријавена за лажно пријавување кривично дело, откако тврдела дека крадци ѝ влегле во куќата и ѝ одзеле златен накит и други предмети во вредност од околу 3.000 евра.
Жената на 15 септември годинава во полицијата во Дебар пријавила дека некој влегол во нејзиниот дом и ги украл предметите. По проверките и консултацијата со јавен обвинител, полицијата утврдила дека пријавата била лажна.
Против 24-годишната Е.К. од Дебар е поднесена кривична пријава за лажно пријавување кривично дело, согласно член 366 од Кривичниот законик.