📽️ ПО ДЕВЕТГОДИШНА ВРСКА СЕ ОЖЕНИ СИНОТ НА ЏУЛИЈАН МУР Актерката објави видео од свадбата: „Ова се случи!“
Кејлеб Мур Фројндлих и Кибрија Морган ја крунисаа деветгодишната врска со брак. Мајка му, оскаровката Џулијан Мур, ја сподели радосната вест на социјалните мрежи, а славните пријатели веднаш им упатија честитки.
Синот на холивудската актерка Џулијан Мур, 28-годишниот Кејлеб Мур Фројндлих, се ожени со својата долгогодишна партнерка Кибрија Морган. Актерката објави видео од свадбената прослава, со кое им ја откри убавата вест на своите следбеници.
– Ова се случи!!! Многу, многу, многу ве сакаме – напиша 65-годишната актерка покрај видеото, јавно покажувајќи колку е среќна поради големиот ден на својот син.
Во коментарите веднаш се огласија и бројни познати личности. Рис Витерспун им порача дека тоа е прекрасно, новинарката Кејти Курик им честиташе, а актерката Дебра Месинг напиша дека е воодушевена од веста. Честитки упатија и Енди Коен и Лесли Ман.
View this post on Instagram
Кејлеб и Кибрија се заедно од 2017 година, а се свршија во август 2024 година. Колку е силна нивната врска покажуваат и нивните објави на социјалните мрежи. Во февруари годинава, по повод деветгодишнината од нивната љубов, Кибрија се пошегува дека е време да добијат нов датум за годишнина бидејќи наскоро ќе станат сопружници.
– Девет години поминаа брзо, бејбе – ѝ одговорил Кејлеб, додавајќи дека едвај чека да се венчаат. Во друга објава, тој напиша дека е горд на сè што изградиле заедно и дека ја сака повеќе од што може да опише.
View this post on Instagram
Кејлеб е музичар и ја објавува својата музика под името Кејлеб Мур, додека Кибрија работи како координаторка за содржини во медиумската компанија „Морнинг Бру“. Двајцата завршиле на ист колеџ, а нивната љубовна приказна започнала уште во младоста.
View this post on Instagram
Џулијан Мур, која е во брак со режисерот Барт Фројндлих од 2003 година, покрај Кејлеб ја има и 24-годишната ќерка Лив. Актерката често споделува моменти од семејниот живот, а свршувачката на синот ја прослави и во август 2024 година, кога објави фотографии од идните младенци и им порача: „Честитки, Кал и Ки. Ве сакаме“.
За семејството Мур, свадбата е уште еден голем повод за славење, а за Кејлеб и Кибрија почеток на ново поглавје по речиси една деценија заеднички живот.