СО СЕКОЈ ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗВЕШТАЈ САДИТЕ ДРВО! КБ Прво пензиско друштво ги повика корисниците да ги заменат хартиените извештаи
Наместо пензискиот извештај да пристигнува во традиционалниот зелен плик, нашите членови можат да изберат електронски извештај. За секоја направена замена, засадуваме ново дрво - велат од КБ Прво пензиско друштво.
Дигитализацијата најчесто се поврзува со побрз пристап до информации, помалку административни постапки и поедноставна комуникација.
– Во КБ Прво пензиско друштво веруваме дека кога дигиталната промена ќе се поврзе со општествената одговорност, таа може да добие и многу пошироко значење. Токму од таа идеја ја создадовме иницијативата „Замени и засади“, со која преминот од хартиен кон електронски пензиски извештај го поврзуваме со конкретна активност за позелена животна средина. Концептот е едноставен: наместо пензискиот извештај да пристигнува во традиционалниот зелен плик, нашите членови можат да изберат електронски извештај. За секоја направена замена, засадуваме ново дрво – велат од КБ Прво пензиско друштво.
На индивидуално ниво, станува збор за мала промена во начинот на кој се добиваат информациите. Но кога голем број индивидуални избори се движат во иста насока, нивниот заеднички ефект може да биде многу поголем.
– За нас во КБ Прво, токму тука се среќаваат дигитализацијата и одржливоста. Електронската комуникација овозможува полесен и попрактичен пристап до информациите, истовремено намалувајќи ја потребата од хартиена комуникација. Со иницијативата „Замени и засади“ тој избор добива уште една димензија – секоја замена станува придонес кон создавање ново зеленило – додаваат од КБ Прво пензиско.
Со ова КБ Прво пензиско друштво сака да покаже дека општествената одговорност не мора секогаш да започнува со големи и комплексни промени. Понекогаш најголем потенцијал имаат токму едноставните решенија што им овозможуваат на голем број луѓе лесно да се вклучат.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229.