ЕУ ВОВЕДУВА КВОТИ ЗА ХИБРИДНИ ВОЗИЛА ПРОИЗВЕДЕНИ ВО КИНА Годишно ќе може да се увезат 350.000 возила

Квотата нема да се однесува на кинески автомобили склопени во рамките на ЕУ, вклучувајќи ги и возилата произведени во Унгарија или евентуално во идните фабрики во Шпанија, но ќе ги опфати автомобилите произведени во Кина од европски компании.

79

Европската Унија ќе го ограничи увозот на хибридни автомобили од Кина на 350.000 возила годишно од декември, а оваа мерка би можела да го преполови уделот на кинеските производители на европскиот пазар од сегашните 6 на 3%, потврди денес Европската комисија.

Ограничувањето ќе се воведе преку примена на заштитни мерки на Светската трговска организација, кои овозможуваат воведување квоти побрзо од процедурите за воведување антидампинг мерки.






Возилата што ја надминуваат дозволената квота нема да можат да се пуштат во промет, туку ќе останат задржани на царината во европските пристаништа.

Квотата нема да се однесува на кинески автомобили склопени во рамките на ЕУ, вклучувајќи ги и возилата произведени во Унгарија или евентуално во идните фабрики во Шпанија, но ќе ги опфати автомобилите произведени во Кина од европски компании.

Спогодбата, постигната за време на разговорите меѓу претставниците на Европската Унија и Кина во Пекинг минатата недела, предвидува дека Кина ќе укине одредени царински давачки за автоделови од ЕУ и ќе ги преполови давачките за европска обувка, маслиново масло и сладолед.

Се очекува дека околу 800.000 хибридни возила произведени во Кина ќе бидат продадени во Европската Унија оваа година.

Вредноста на кинескиот извоз на хибридни возила во Унијата се зголеми тројно во првата половина од 2026 година, од 2,2 милијарди евра во истиот период минатата година на 6,7 милијарди евра, според податоците на кинеската царина.

Поврзани содржини