🎥 ТИГАР ЗАДАВИ ЧОВЕК КОЈ МУ ВЛЕЗЕ ВО ОГРАДЕНИОТ ПРОСТОР Снимките се претерано вознемирувачки за споделување

Посетителите биле шокирани од случувањето и очајнички се обидувале да го одвлечат вниманието на тигарот.

436

Маж трагично го загубил животот откако влегол во оградениот простор на сибирски тигар во паркот за диви животни „Јоркшир“, во близина на англискиот град Донкастер.

Според сведоштвата на очевидци за Би-би-си, инцидентот се случил во саботата попладне, кога мажот се спуштил од подигната патека директно во просторот во кој се наоѓало опасното животно.






Посетителите биле шокирани од случувањето и очајнички се обидувале да го одвлечат вниманието на тигарот. Тие викале и силно удирале по оградата, надевајќи се дека ќе го исплашат животното и ќе го натераат да се оддалечи од мажот.

Вработените во паркот веднаш започнале евакуација на посетителите, по што целиот комплекс бил затворен. На местото на трагедијата пристигнале медицински екипи, но и покрај интервенцијата, животот на мажот не можел да биде спасен.

Во меѓувреме, полицијата упатила апел до јавноста да не ги споделува вознемирувачките снимки од нападот што се појавиле на социјалните мрежи.

Управата на паркот потврдила дека сибирскиот тигар Алтај нема да биде еутаназиран поради инцидентот. Тигарот реагирал во сопственото оградено живеалиште, а надлежните ги утврдуваат сите околности на случајот.

Поврзани содржини