🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две кривични за 37-годишен скопјанец

Полициски службеници во разговор со А.А. дознале дека тој на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл „сузуки“ на булеварот Партизански одреди и објавил неколку видеа на мрежата Тик Ток.

116

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата.

На 10.10.2026 било објавено видео на кое се гледа како едно лице управува мотоцикл „сузуки“ и во повеќе наврати се движи небезбедно на едно тркало по булеварот Партизански одреди кај крстосницата со улицата 29 Ноември. При тоа го загрозувал својот живот и другите учесници во сообраќајот.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден град презело мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл со скопски регистарски ознаки кој на 03.10.2026 е управуван од машко лице по Партизанска. Со сопственикот е извршен разговор, а потоа и со корисникот на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје.

Полициски службеници во разговор со А.А. дознале дека тој на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл „сузуки“ на булеварот Партизански одреди и објавил неколку видеа на мрежата Тик Ток.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, „безобѕирно управување на моторно возило“ и по член 298 од Кривичниот законик – „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.

 






Поврзани содржини