ВО БРОДОЛОМ ЗАГИНАА 109 ЛУЃЕ, 116 СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ Бродот се превртел во близина на брегот на Џибути

58

Во бродолом во близина на брегот на Џибути во Аденскиот Залив загинаа најмалку 109 мигранти, а повеќе од 116 се водат како исчезнати, соопшти Меѓународната организација за миграции на Обединетите нации (ИОМ).

Меѓу загинатите во бродоломот што се случил ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на брегот на Џибути има и 15 деца, пренесува БФМТВ.






Според преживеаните, бродот кој превезувал 350 луѓе од Џибути кон Јемен се превртел во близина на местото Гухере, северно од градот Обок во Џибути, се наведува во соопштението на ИОМ чии тимови се на терен заедно со локалните власти за да пружат итна помош.

Поврзани содржини