ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ КАТЛАНОВО-СКОПЈЕ Полицијата го привела на Табановце

58

Лишен од слобода е возач од Босна и Херцеговина, кој возел 164 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.






Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувало патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини