📽️ МАСАКР ВО АМЕРИКАНСКИОТ ГРАД ИРИ Полицијата пронашла тела во куќа, напаѓачот е мртов

Пукањето се случило во градот Ири, во американската сојузна држава Пенсилванија. Полицијата интервенирала по пријава од сведоци, а мотивот за нападот засега не е познат.

73

Најмалку девет лица се убиени во петокот, 9 октомври, во пукање во градот Ири, во американската сојузна држава Пенсилванија, објави „Асошиејтед прес“. Меѓу жртвите има и деца.

Според првичните информации, напаѓачот пукал во една куќа и пред неа, по што се ранил самиот себе. Набргу потоа им подлегнал на повредите што си ги нанел.






Полицијата интервенирала по пријава од сведоци кои виделе вооружен маж како пука пред куќата. При претресот, во објектот биле пронајдени две тела.

Засега не е познат мотивот за нападот. Според првичните сомневања, убиени се најмалку девет лица, меѓу кои и две мали деца.

 

Поврзани содржини