📽️ ПИТОНИ И ДРУГИ ЗМИИ ЗАВРШИЈА ВО РАЦЕТЕ НА ЦАРИНИЦИТЕ Влекачите биле скриени под седиштето, приведен Косовец на Богородица
Влекачите биле скриени под седиштето во возило управувано од косовски државјанин. Царинската управа соопшти дека животните ќе бидат предадени на надлежните институции, а против лицето е поведена постапка.
Царинските службеници на граничниот премин Богородица откриле обид за нелегален внес на змии и други влекачи во Македонија. Животните биле пронајдени при контрола на возило управувано од косовски државјанин, во соработка со полициски службеници, соопшти Царинската управа.
Според соопштението, влекачите биле спакувани во кутии и завиткани во марами, а потоа скриени под седиштето во возилото.
Меѓу запленетите животни има питони и други змии, вклучително и примероци за кои Царинската управа наведува дека припаѓаат на заштитени видови. Во соопштението се наведуваат два питона од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short-tailed“, еден од видот „Brandly Carpet“, една змија означена како „Chinese Ring Rat“, како и примерок од видот „Reticulated Super Dwarf“. Царинската управа посочува дека меѓу запленетите змии има и отровна змија означена како „Baron Snake“.
Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против лицето е поведена соодветна постапка, информираат од Царинската управа.
View this post on Instagram
Оттаму потсетуваат дека меѓународната трговија со загрозени видови диви животни и растенија е регулирана со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора (CITES). За внес на видови опфатени со оваа конвенција се потребни соодветни дозволи, а внесувањето без нив се смета за недозволено.