МИЦКОСКИ ОД БУГАРИЈА ОЧЕКУВА ДИЈАЛОГ НА КОЊОПОЈ Софија сè уште не одговорила на барањето за средба меѓу Муцунски и Петрова

Ќе бидам дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо, очекувам некој дијалог ‘пул а сајд’, ние така го викаме, на коњопој, рече премиерот Христијан Мицкоски.

157

Македонската влада сè уште чека одговор од официјална Софија по барањето за средба на министерот за надворешни работи Тимчо  Муцунски со бугарската колешка Велислава Петрова Чамова.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема официјален одговор од Бугарија.






На прашањето што очекува од евентуалната средба, одговори дека не очекува ништо.

– Имајќи ја предвид мојата анализа, којашто вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, ќе бидам дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо, очекувам некој дијалог ‘пул а сајд’, ние така го викаме, на коњопој – рече премиерот Мицкоски.

На 8 октомври Софија ќе биде домаќин на меѓународна министерска конференција посветена на Коридорот 8, кој ќе го води министерката Петрова, а ќе присуствува и министерот Муцунски. Идејата да се побара билатерална средба меѓу Муцунски и Петрова на премиерот Мицкоски му ја даде претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во петокот го посети Скопје. Целта на таква средба е да се бара начин да се одглави евроинтеграцискиот процес на Македонија, кој е стопиран поради тоа што Скопје не сака да го преземе следниот чекор, уставните измени, без гаранции дека Бугарија во натамошниот процес на преговори нема да стави ново вето или дека нема да настапи со нови уцени со кои се засега македонскиот национален идентитет.

Поврзани содржини