РАКЕТАТА НА МАСК И НАСА СОБОРИ ВСЕЛЕНСКИ РЕКОРД Рускиот рекорд од 2020 година уште е недостижен

Капсулата на „СпејсЕкс“ стигна до Меѓународната вселенска станица за само седум часа и 55 минути, најбрзо за едно американско вселенско летало. Апсолутниот рекорд, сепак, останува кај рускиот „Сојуз“, кој во 2020 година ја помина истата рута за нешто повеќе од три часа.

92

Само 7 часа и 55 минути им беа потребни на четворица астронаути да стигнат од Флорида до Меѓународната вселенска станица (МВС), со што НАСА и „СпејсЕкс“ поставија нов американски рекорд.

Американскиот рекорд сепак е далеку од најбрзото патување до МВС. Рускиот „Сојуз“ во октомври 2020 година стигна до станицата за нешто повеќе од три3 часа и сè уште го држи апсолутниот рекорд.






Сепак, рекордот на „Драгон“ е најкратко време на пристигнување на американско летало на станицата досега, според соопштението на НАСА.

Капсулата „Драгон“ на мисијата „СпејсЕкс кру-13“ беше лансирана со ракета „Фалкон 9“ од Кејп Канаверал, а помалку од осум часа подоцна се спои со орбиталната лабораторија.

Брзината не била резултат само на перформансите на леталото. Клучна била поволната позиција на МВС во моментот на лансирањето, која овозможила значително пократка траекторија до станицата.

 

Разликата најдобро ја покажува претходниот екипаж од истата мисија. Астронаутите што полетаа во февруари патуваа повеќе од 30 часа пред да пристигнат на МВС.

Во „Драгон“ патуваа астронаутите на НАСА Џесика Воткинс и Лук Дилејни, Канаѓанецот Џошуа Кутрик и рускиот космонаут Сергеј Тетерјатников. Четворицата треба да поминат околу шест месеци на станицата.

МВС орбитира на приближно 400 километри над Земјата и веќе околу 25 години има постојано човечко присуство. Астронаутите таму живеат и спроведуваат научни истражувања во услови на микрогравитација.

Станицата останува и едно од ретките места каде што американско-руската соработка продолжува и покрај прекинувањето на голем број други форми на соработка по руската инвазија врз Украина. НАСА планира да продолжи да ја користи МВС до 2030 година.

Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата на височина од приближно 400 километри, а луѓе непрекинато живеат на неа од ноември 2000 година. За едно деноноќие таа прави околу 16 круга околу планетата, движејќи се со брзина од приближно 28.000 километри на час.

Брзото пристигнување до станицата не зависи само од брзината на ракетата и капсулата. Клучно е леталото да биде лансирано во прецизен момент за неговата орбита што побрзо да се усогласи со орбитата на МВС – затоа патувањето во една мисија може да трае само неколку часа, а во друга повеќе од еден ден.

Поврзани содржини