МАСК ПОВТОРНО ГО ПОВИКА ЗЕЛЕНСКИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ Тврди дека без неговото заминување ќе продолжат масовните убиства

Американскиот милијардер на Икс порача дека е време украинскиот претседател да си замине од функцијата. Во меѓувреме, спорни остануваат наводите за ограничувањата на сателитските услуги што Украина ги користи во војната.

33

Американскиот милијардер Илон Маск повторно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се повлече од функцијата, тврдејќи дека без неговото заминување ќе продолжат масовните убиства во Украина.

„Време е Зеленски да си оди. Без повлекувањето на Володимир Зеленски ќе продолжат масовните убиства“, објави Маск на социјалната мрежа Икс.






Сателитската мрежа на Маск има важна улога во руско-украинскиот конфликт, особено во обезбедувањето комуникации на фронтот.

Украина претходно соопшти дека нејзиното користење на сателитските услуги на компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX), чиј сопственик е Маск, било ограничено. Според тие наводи, ограничувањата го отежнале дејствувањето на беспилотните летала и на украинската воздушна одбрана.

Маск, пак, тврди дека секое забавување на мрежата е последица на постапките на американската влада, а не на неговата компанија „СпејсИкс“.

Тој посочи дека услугата „Старшилд“ (Starshield) е наменета за воени потреби и дека Украина ја користи за операции на фронтот и за одбрана. За разлика од неа, „Старлинк“ (Starlink) е наменет за цивилна употреба. Двете услуги се дел од сателитските системи развиени од „СпејсИкс“.

Поврзани содржини