РЕКОРДНИ 15.020 УЧЕСНИЦИ ОД 63 ЗЕМЈИ ЌЕ ТРЧААТ ПО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ Градот подготвен за „Виз Ер Скопски маратон“, Ѓорѓиевски ги повика скопјани да ги бодрат

На „Виз Ер Скопскиот маратон“ на 4 октомври ќе учествуваат рекордни 15.020 тркачи од 63 земји, со поддршка од 500 волонтери.

40

Рекордни 15.020 учесници од 63 земји ќе трчаат на „Виз Ер Скопскиот маратон“ на 4 октомври, најави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски денеска заедно со заменик-шефот на Мисијата на Европската Унија Бен Нупнау, министерот за спорт Борко Ристовски, спортскиот директор на маратонот Кире Синадиновски и претседателот на Сојузот на спортови на Скопје Зоран Стојановиќ го најави спортскиот настан.






Според Ѓорѓиевски, годинава маратонот ќе има 15.020 учесници од 63 земји, а во организацијата ќе бидат вклучени и 500 волонтери.

Градот Скопје, како покровител на маратонот, ќе обезбеди поддршка преку градските служби и јавните претпријатија за организацијата на настанот.

– Сакаме секој учесник да го почувствува нашето гостопримство и да понесе убави спомени и желба повторно да се врати – напиша Ѓорѓиевски.

Градоначалникот упати и повик до скопјани да излезат покрај патеката и да ги бодрат учесниците.

– Нашиот аплауз некому ќе му даде сила да го совлада најтешкиот километар и да стигне до својата цел – порача Ѓорѓиевски.

Тој им посака успешна трка на сите учесници и порача дека Скопје е подготвено да ги пречека и бодри маратонците.

Поврзани содржини