БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА БЕЛА НОЌ Не треба да се грижите како ќе се вратите дома

146

ЈСП Скопје ќе обезбеди бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“, на 3 октомври 2026 година (сабота).

Манифестацијата е предвидено да започне во 18 часот на 3 октомври, а да заврши во 03 часот на 4 октомври 2026 година.






Бесплатниот превоз се обезбедува со цел да се овозможи непречено присуство на граѓаните на манифестацијата и нивно навремено враќање по завршувањето на програмата.

ЈСП Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од настанот.

Поврзани содржини