НОВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА СО БРОЈ 35 ОД РАДИШАНИ ДО НОВО ЛИСИЧЕ Директна врска меѓу општините Бутел и Аеродром

Од Општина Бутел велат дека новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност на населбите и ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните.

31

Од вчера е во функција новата градска автобуска линија број 37 со која се поврзуваат општините Бутел и Аеродром.

Линијата 35 воспоставува директна врска меѓу населбите Радишани и Ново Лисиче, овозможувајќи побрзо и полесно патување меѓу двата дела на Скопје.






Од Општина Бутел велат дека воведувањето на новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност на населбите и ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните.

Од Општината потсетуваат дека ова е уште една нова автобуска линија, по линијата 37, со која Радишани се поврзасо Карпош.

„Поврзуваме населби, олеснуваме движење и создаваме подобра градска поврзаност“, соопшти Општина Бутел и изрази благодарност до градоначалникот на Скопје и до ЈСП за реализацијата на проектот.

 

Поврзани содржини