НЕ ГО ИСПУШТАТЕ МОБИЛНИОТ ОД РАЦЕ? Експертите предупредуваат на 19 сериозни здравствени последици

Паметните телефони денес се неизоставен дел од животот, но нивната прекумерна употреба може сериозно да влијае врз здравјето. Од проблеми со спиењето, стрес и губење на концентрацијата, до болки во вратот и грбот, предолгото користење на телефонот носи низа непријатни последици.

46

Мобилните уреди значително ги олеснија секојдневните обврски, како плаќањето сметки или договарањето со пријателите. Сепак, оваа практичност има и своја цена. Експертите сè почесто предупредуваат дека прекумерното користење мобилен телефон може негативно да влијае врз телото и умот, а последиците често не се забележуваат сè додека не станат посериозни, пишува  National Library of Medicine.

Несоница






Тешкотиите со заспивањето и неможноста да се опуштите често се поврзуваат со прекумерното користење телефон. Изложеноста на специфичната светлина од екранот може да го наруши природното производство на хормони кои го регулираат биолошкиот часовник. Експертите советуваат уредот да се остави порано и пред спиење да се направи пауза од екранот за полесно да се заспие.

Ширење бактерии

Користењето мобилен телефон на места како тоалети или болници може да доведе до пренесување бактерии на други површини што ги допирате потоа. Затоа се препорачува мобилниот да не се користи во такви средини и редовно да се чисти, бидејќи секојдневно го држиме во раце, што ја прави хигиената поголем предизвик.

Ризик од рак

Според извештај на Си-ен-ен, Светската здравствена организација предупредила на можен ризик од рак поврзан со прекумерната употреба на мобилни уреди. Зрачењето што го емитуваат уредите би можело да придонесе за развој на болести, па затоа се препорачува умерена употреба и избегнување на држење на уредот блиску до главата додека спиете.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини