СКАНДАЛ СО ИНТИМНИ СНИМКИ ЈА ПОТРЕСЕ АЛБАНСКАТА ЕСТРАДА Во фокусот се најде познатиот композитор Адриан Хила

Полицијата во Тирана истражува кој ги објавил и дистрибуирал интимните видеа што се проширија низ интернет, а меѓу имињата што се споменуваат е и познатиот композитор Адриан Хила. Полицијата не ги откри имињата на лицата на снимките и не ги потврди тврдењата што кружат за нивното потекло.

545

Интимни видеа за кои се тврди дека прикажуваат познати личности од албанската музичка и забавна сцена предизвикаа голем скандал во Албанија и ја кренаа на нозе полицијата. Истражителите сега се обидуваат преку адресите да стигнат до страниците и профилите од кои снимките биле објавувани и ширени.

Полицијата во Тирана соопшти дека истрагата е отворена по откривањето на интимните материјали на повеќе портали и онлајн платформи, пишуваат албанските медиуми.






Секторот за истраги на киберкриминал ги идентификува адресите и другите податоци поврзани со страниците и профилите што ги објавиле или дистрибуирале видеата. Паралелно се преземаат постапки за нивно отстранување од интернет.

Случајот веќе стигнал и до Обвинителството. Полицијата ги доставила материјалите за четири можни кривични дела, незаконско пресретнување компјутерски податоци, мешање во компјутерски податоци, неправедно мешање во приватниот живот и злоупотреба на опрема.

Во центарот на медиумските објави се најде познатиот албански композитор и продуцент Адриан Хила. Неколку албански медиуми објавија дека неговото име се поврзува со дел од снимките, но полицијата не соопшти кои лица се прикажани на материјалите што ги истражува.

Фото: Принтскрин

Материјалите првично почнале да кружат на социјалните мрежи, а потоа се прошириле и преку комуникациски апликации.

Албанскиот новинар Елтон Тозај тврди дека дел од снимките биле направени во музичко студио и дека на нив се појавуваат Хила и други лица од албанскиот шоубизнис.

Нема независна потврда кој ги снимил видеата, дали луѓето на нив знаеле дека се снимаат, ниту како материјалите стигнале на интернет.

Полицијата засега не ги именува лицата од снимките. Истрагата е насочена кон објавувањето и дистрибуцијата на интимните материјали и кон утврдување на дигиталната трага зад страниците и профилите што ги ширеле.

Поврзани содржини