ВЕРА ВАНГ ОБЈАВИ СЕЛФИ БЕЗ ШМИНКА Модната дизајнерка неодамна наполни 77 години

Модната дизајнерка објави фотографија без шминка додека одмора во кревет, а откри и зошто морала да го забави темпото.

3

Вера Ванг на 77 години сподели фотографија во ретко природно издание. Познатата модна дизајнерка објави селфи од креветот на кое е без шминка, со пуштена долга коса и во црна маичка без ракави.

Ванг фотографијата ја објавила во саботата, 26 септември, а покрај неа пишува дека е заглавена во кревет бидејќи многу кива.






– Заглавена сум во кревет, многу кивам… па останувам тука… мојата вистинска канцеларија – напиша таа.

Нејзините следбеници веднаш ѝ посакаа побрзо закрепнување. Еден од нив ѝ препорача да одмора, да спие, да јаде супа, да пие чај со мед и да си најде добра телевизиска програма за да ѝ помине времето додека закрепнува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Wang (@verawang)

Фотографијата доаѓа само неколку месеци откако Ванг го прослави својот 77. роденден. На 27 јуни таа направи голема прослава, а по тој повод покажа и нова фризура – долгата темна коса ја замени со руса боб-фризура до раменици.

За роденденската прослава во Париз, дизајнерката носеше бел фустан од својата Haute колекција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Wang (@verawang)

Вера Ванг со години привлекува внимание со својот изглед и смелите модни комбинации, а често споделува фотографии на кои го покажува своето лице со минимална или без шминка. Минатата година, по фотографија од Отвореното првенство на САД, на коментарите за нејзиниот младешки изглед одговори дека заслугата е и во „одличното осветлување“.

Самата Ванг во разговор со „People“ зборувала и за стареењето. Пред 75. роденден рекла дека тогаш си помислила: Можеби не мора да славиш по 75-тата, но сепак продолжила со своите големи роденденски прослави и во следните години.

 

Поврзани содржини