🎥 ИЗВЕСТУВАЛ ЗА СМРТНО ПРЕГАЗЕНО ДЕТЕ, КАМЕРАТА СНИМИ УДАР ВО ДРУГО ДЕТЕ Несекојдневен медиумски извештај во Полска
Репортерот известувал од местото на настанот каде што неколку часа претходно е прегазено 3-тригодишно момче, а во тој момент возило удри во 14-годишно девојче на електричен тротинет.
14-годишно девојче на електричен тротинет беше удрено од автомобил за време на пренос во живо од полскиот град Кошчержине, додека новинарска екипа известуваше за прегазено 3-годишно дете. Моментот на несреќата беше снимен од камера на TVP Info.
Репортерот Милош Сиеливончик во саотата известуваше во живо од улицата кога слушна силен тресок зад себе. Камерата сними автомобил што ја удри девојчето на тротинетот додека свртуваше на споредна улица.
Девојчето падна на земја по ударот, а новинарската екипа веднаш му се приближи и повика брза помош, по што беше однесено во болница на преглед.
Според медиумот, таа носела кацига во времето на несреќата.
Медиумот потоа извести дека возачот бил 20-годишен маж на кој не му било дозволено да вози. По несреќата, тој првично го напуштил местото на настанот.
Репортерот известувал од местото на настанот каде што неколку часа претходно е прегазено 3-тригодишно момче.
Moment uderzenia samochodu w 14-latkę jadącą na hulajnodze elektrycznej uchwycony przez kamerę TVP Info ⤵️ pic.twitter.com/Jldfuas0Ka
— tvp.info 🇵🇱 (@tvp_info) September 26, 2026