📽️ ШТО МУ СТАНА НА ЏОНИ ДЕП? Актерот направи бизарна сцена на промоцијата на својот рум во Лас Вегас
Џони Деп привлече внимание на забава во Лас Вегас, каде пред фотографите направи необичен потег и почна да грицка вештачко зеленило од украсниот ѕид.
63-годишниот Џони Деп повторно успеа да го привлече вниманието со потег кој никој не го очекуваше. На забавата во хотелот „Парк МГМ“, организирана во рамки на настанот „Drink Las Vegas“ по повод неговиот бренд рум „Three Hearts“, актерот почнл да грицка вештачко зеленило од украсниот ѕид зад него додека позира пред фотографите.
Откако го исплука, Деп се сврте повторно кон ѕидот и зеде уште еден лист. Овојпат ја подигна чашата кон фотографите и се насмеа додека два листа му ѕиркаа од устата. Снимките од необичниот момент брзо се проширија на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Не е познато зошто Деп решил да го направи тоа, но актерот и порано зборувал за својот необичен поглед кон она што се смета за „нормално“. Во интервју за Чарли Роуз во 2013 година рекол дека многу работи што луѓето ги сметаат за нормални и општоприфатени нему му изгледаат необично.
Инаку, Деп во последно време повторно е често присутен во јавноста по периодот обележан со судскиот процес со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Во јули се појави на „Comic-Con“ за да го промовира филмот „Ebenezer: A Christmas Carol“, во кој го игра Скруџ, а за улогата бил речиси непрепознатлив поради протезите, нагласените веѓи и сивите влакна на лицето.
Во меѓувреме, повторно се зборува и за негово можно враќање како капетанот Џек Спероу во ново продолжение на „Пиратите од Карибите“. Продуцентот Џери Брукхајмер во август изјави дека со Деп разговараат и дека се работи на сценарио за новиот филм.