📽️ ДУА ЛИПА ИГРАШЕ СО ЧАША НА ГЛАВА НА СВАДБА ВО КОСОВО Пејачката и татко ѝ со традиционален танц на албанска свадба

Дуа Липа сподели весели моменти од свадбата на својот братучед во Косово, каде со татко ѝ Дукаѓин танцуваа со чаши на главите, а семејната прослава ја нарече голема албанска свадба.

143

Светската ѕвезда Дуа Липа присуствуваше на свадбата на својот братучед Анди Ѓакова во Косово, а на социјалните мрежи сподели моменти од големата семејна прослава. Меѓу нив е и снимката на која таа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа играат традиционален танц со чаша на главата.

Пејачката, облечена во црн фустан со отворен грб и пердуви околу деколтето, танцуваше со татко ѝ додека останатите околу нив играа со традиционални шамивчиња, а останатите аплаудираа. Дуа и Дукаѓин успеваа да ги задржат чашите на главите додека танцуваа во круг со кренати раце.






Во објавата на Инстаграм, 31-годишната пејачка сподели и фотографии со своето семејство – сестра ѝ Рина, брат ѝ Џин и мајка ѝ Анеза. На една од фотографиите се гледаат и младенците како ја сечат повеќекатната свадбена торта.

Дуа му честиташе на братучед ѝ Анди и на неговата сопруга Розафа Келменди, а свадбата ја опиша како „голема албанска свадба“.

– Мојот братучед се ожени со жената од неговите соништа и имавме голема албанска свадба! – напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

На свадбата во Косово не се појави нејзиниот сопруг, актерот Калум Тарнер. Дуа Липа, која во 2022 година доби албанско државјанство, во последно време често споделува моменти од семејниот живот и прославите со своите најблиски.

Поврзани содржини