СТРЕСОТ ЗА ПЕТ ГОДИНИ ГИ ЗГОЛЕМИ ЗА 49% БОЛЕДУВАЊАТА ВО ХОЛАНДИЈА Само годинава поради стрес боледувањата се зголемиле за 12%

Европската агенција наведува дека психосоцијалните ризици, вклучувајќи го прекумерното работно оптоварување и интензитетот на работата, се меѓу важните фактори што влијаат на здравјето на вработените.

92

Бројот на денови што вработените во Холандија ги поминале на боледување поради проблеми поврзани со стрес се зголемил за 12% во период од една година, додека во споредба со 2021 година, е поголем за 49%, покажаа новите податоци од холандските служби за трудово здравје.

Зголемувањето на отсуствата е поврзано со различни фактори, вклучувајќи го обемот на работа, финансиските проблеми, здравствените проблеми и неплатената грижа за членовите на семејството, објавува NL Times.






– Само по себе, ова зголемување не е изненадување. Со години забележуваме зголемување на отсуството од работа поради проблеми поврзани со стрес, а податоците потврдуваат дека овој тренд продолжува – изјави докторот и медицински директор на компанијата Арбо Нед, Редмер ван Вајнберген.

Тој предупредува и дека последиците не се ограничени само на вработените, туку влијаат и на работодавачите поради долгорочно боледување и недостаток на работна сила, како и на општеството како целина.

Проблемот влијае и на многу други земји од Европската Унија, покажаа претходно објавените извештаи.
Според анкетата на организацијата EU-OSHA, објавена во септември 2025 година, 29% од вработените во Европа наведуваат дека во претходниот период доживеале стрес, депресија или анксиозност, додека 37% пријавуваат општ замор.

Европската агенција наведува дека психосоцијалните ризици, вклучувајќи го прекумерното работно оптоварување и интензитетот на работата, се меѓу важните фактори што влијаат на здравјето на вработените.

Поврзани содржини