📷 ИСКРШЕНИ РЕКВИЗИТИ НА ИГРАЛИШТЕ ВО КАРПОШ 1 Општината пак се соочува со вандализам
Оштетени се повеќе детски реквизити и делови од урбаната опрема. Општина Карпош вели дека повторно се соочува со вандализирање на јавните површини.
Вандали оштетиле детски реквизити и урбана опрема на игралиште во Карпош 1, информира Општина Карпош.
Локалната власт секоја година издвојува средства за одржување и обновување на јавните површини. Пари се вложуваат и во реконструкција на детските игралишта.
„За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи“, наведуваат од Општина Карпош.
Општината потсетува дека јавните површини им припаѓаат на сите граѓани. Оттаму апелираат тие одговорно да се користат и зачуваат.