🎥 СИ ГИ МЕРЕА ПРСТЕНИТЕ Арина сакаше да го слика прстенот на Џорџина и да му го прати на вереникот

96

Забавна средба имаше доскорешната прва тенисерка во светот, Арина Сабаленка со сопругата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез на ревијата на Гучи на Модната недела во Милано.

Сабаленка носеше елегантен бел сатенски костум, а Родригез провокативен црн кожен блејзер. Камерите на италијанскиот Vanity Fair уловија момент кој брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.






Двете ѕвезди во еден момент почнаа да ги споредуваат своите масивни веренички прстени. Гледајќи го огромниот дијамант на раката на Џорџина, Сабаленка на шега рече:

– Може ли да го сликам твојот прстен за да му пратам фотографијата на мојот вереник? Чисто за да му покажам како всушност треба да изгледаат работите.

Иако прстенот на Арина, кој го доби од нејзиниот вереник Георгиос Франгулис, е вистинско ремек-дело со овален 12-каратен дијамант опкружен со смарагди (проценет на 800.000 долари), тој сепак изгледаше скромно покрај „скапоцениот камен“ на Џорџина. Кристијано Роналдо ја запроси својата партнерка со неверојатен прстен од безмалку 37 карати, чија вредност се проценува на вртоглави 2 до 5 милиони долари.

 

 

Поврзани содржини