ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните мрежи
Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.
Во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село, кој по насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, е лишен од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот.