ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ СТАН ВО ДАЈМОНД МОЛ? Ексминистерот на СДСМ должи одговори

ВМРО-ДПМНЕ го потсети поранешниот министер, актуелен пратеник Љупчо Николовски дека пред јавноста должи одговори на повеќе прашања, меѓу кои за луксузниот стан од 180 квадрати, за грантот даден на фирма на Заеви, за берберот од Крива Паланка, како и за лекарот кој му пишал стручен наод за душевна болка, а кој е партиски кадар на СДСМ.

107

Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделие, поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта. Ако веќе Николовски се повикува на судот, тогаш треба и да покаже почит кон судската постапка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Судот не е место каде што се оди само кога на Николовски му одговара. Ако Љупчо верува во своите тврдења и во тужбата што ја поднел, тогаш треба да се појави на рочиште и таму да ги брани своите наводи и аргументи. Николовски очигледно се држи до старите навики кога со Зоран Заев и Венко Филипче беа заштитени од правосудните органи, кога судиите и обвинителите беа контролирани од СДСМ и се кажуваа пресуди во канцеларии на СЈО. Кога судиите и обвинителите беа бирани во Зајас и во Струмица да ги штитат криминалите на СДСМ и ДУИ. Николовски треба да знае дека фактите не се утврдуваат преку прес-конференции, политички флоскули или медиумски настапи, туку во соодветна постапка пред надлежните институции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Во исто време, јавноста очекува одговори од Николовски на низа прашања за имотот, кадровските одлуки, деловните интереси и сè што е предмет на јавен интерес.

„Николовски да каже дали има луксузен дуплекс стан во Дајмонд мол од 180 квадрати? Дали берберот кај кој одел Николовски неколку пати во месецот додека бил член на Влада си го направил советник? Дали Николовски влијаел за фирмата на брат му, „Лариком шпед“ да успее да го зголеми приходот за една година за 1.100%? Николовски да даде одговори за кусокот на жито и набавка на поскапо жито од една соседна држава, за кое за возврат Заеви добија за фирмата „Тргопродукт“ 1,4 милиони евра грант од ИПАРД“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, Николовски да одговори за индициите дали наодот за душевна болка е фингиран затоа што докторот Бајрактаров е член и донатор на СДСМ, а плус и има гласано за него на Влада да биде директор на Клиниката за психијатрија, се додава во соопштението.

„Наместо Николовски да бега од соочување, потребно е да даде одговори. Љупчо Николовски не може истовремено да бара судска заштита, а потоа да не се појавува пред судот. Ако бара институциите да ја завршат својата работа, тогаш и самиот мора да ги почитува правилата на постапката. Кој поднесува тужба, треба да биде подготвен и да се појави пред судот. Кој се повикува на правдата, треба да ја почитува судската постапка“, порача ВМРО-ДПМНЕ во врска со тужбата на Николовски против партискиот портпарол Валентин Манасиевски за нанесена душевна болка.

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД МОЛ? Одел ли на шишање во Крива Паланка со службен автомобил?

Поврзани содржини