ВАШИНГТОН И ПЕКИНГ ГО ПРОДОЛЖИЈА ТРГОВСКОТО ПРИМИРЈЕ ДО 10 ЈАНУАРИ Кинеските ретки минерали ќе се испорачуваат во САД
Денеска се договоривме да го продолжиме таканаречениот „договор од Пусан“. Економското разведрување меѓу двете земји што требаше да заврши на 10 ноември, ќе биде продолжено до 10 јануари, за да ни даде повеќе време да видиме што можеме да направиме на економски план, рече американскиот министер за финансии, Скот Бесент.
Вашингтон и Пекинг го продолжија за два месеца трговското примирје со кое се ограничува висината на царините и се обезбедуваат испораките на кинески ретки минерали за САД, соопшти американскиот министер за финансии, Скот Бесент.
– Денеска се договоривме да го продолжиме таканаречениот „договор од Пусан“. Економското разведрување меѓу двете земји што требаше да заврши на 10 ноември, ќе биде продолжено до 10 јануари, за да ни даде повеќе време да видиме што можеме да направиме на економски план – појасни Бесент.
Објавувањето на одлуката за продолжување на примирјето доаѓа во момент кога кинескиот претседател Си Џинпинг е во посета на Вашингтон. Тој синоќа по локално време пристигна во воената воздухопловна база „Ендрјус“ каде беше пречекан лично од американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп и Си договорија едногодишно трговско примирје на средбата во Јужна Кореја одржана во октомври минатата година. Според Бесент, договорот се продолжува до 10 јануари, но тој појасни дека Пекинг треба да исполни уште некои обврски.
Воочи средбата на двајцата лидери, многумина очекуваа примирјето да биде продолжено за шест месеци или подолго.