ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот
По есенската рамноденица Сонцето секој ден ќе заоѓа сè порано, а ќе изгрева сè подоцна, сè до зимската краткоденица на 21 декември, кога северната хемисфера ќе го има најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината, со што ќе почне зимата.
Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Во исто време на јужната полутопка ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден, 23 септември, е 266-от ден во годината и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути.
Сонцето во моментот на рамноденицата се наоѓа над екваторот, поради што денот и ноќта се приближно еднакво долги.
По есенската рамноденица Сонцето, гледано од Земјата, го преминува небесниот екватор и го продолжува своето привидно движење кон јужната хемисфера.
За жителите на Македонија есента означува постепено скратување на денот и продолжување на ноќта. По рамноденицата, Сонцето секој ден ќе заоѓа сè порано, а ќе изгрева сè подоцна, сè до зимската краткоденица на 21 декември, кога северната хемисфера ќе го има најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината, со што ќе почне зимата.
Астрономски, почетокот на есента не е секогаш на истиот датум и во исто време. Тој е поврзан со точниот момент на рамноденицата, а времето на нејзиното настапување се менува од година во година.
Метеорлошката есен почнува на 1 септември и трае до 1 декември.