📽️ ОРЛАНДО БЛУМ СНИМИ СЕКС ВО ТРОЈКА СО СЕСТРИТЕ МАРА Филмската сцена со Руни и Кејт предизвика бурни реакции кај гледачите

Орландо Блум сними секс сцена во тројка со сестрите Руни и Кејт Мара во новиот филм на Вернер Херцог, а сцената предизвика бурни реакции.

1

Орландо Блум сними интимна сцена со Руни и Кејт Мара во новиот филм „Bucking Fastard“, а фактот дека актерките се вистински сестри предизвика бурни реакции на интернет.

Блум, Руни и Кејт во филмот на режисерот Вернер Херцог играат љубовен триаголник. Сестрите ги толкуваат близначките Жан и Џоан Холбрук, кои се толку блиски што зборуваат во исто време, ги делат истите соништа и се вљубуваат во истиот маж – ликот на Блум, Герет Малруни.






Токму нивната интимна сцена, во која тројцата се заедно, стана една од најкоментираните теми по фестивалските проекции. На социјалните мрежи дел од гледачите ја опишаа сцената како „одвратна“, „чудна“ и „вознемирувачка“, а некои се прашуваа зошто сестрите воопшто се согласиле на ваква сцена. Други, пак, ги бранеа актерите со потсетување дека станува збор за филмска улога.

Блум, кој има 49 години, самиот зборуваше за сцената на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан и ја опиша како „многу искрен момент“. Тој објасни дека ликовите имаат едноставност во своите желби, но и одредена невиност, додека неговиот лик се наоѓа во ситуација со која брзо почнува тешко да се справува.

Режисерот Вернер Херцог откри дека не сакал премногу да им се меша на актерите во текот на снимањето. Тој рекол дека во вакви сцени режисерот понекогаш треба да се повлече и дека на Блум не можел да му даде конкретни инструкции како да се однесува во кревет со двете жени. Херцог сцената ја опишал како убава, со шарм и длабочина.

„Bucking Fastard“ ја имаше светската премиера на Венецискиот филмски фестивал на 3 септември, а потоа беше прикажан и на фестивалот во Торонто и во Сан Себастијан. Филмот е прва заедничка филмска улога на сестрите Мара.

Руни Мара има 41, а Кејт 43 години. Двете претходно зборуваа дека заедничкото снимање им било посебно искуство, а Руни откри дека нивната долгогодишна блискост им помогнала природно да ја изградат необичната поврзаност меѓу ликовите.

Филмот засега нема потврден датум за широка кино-дистрибуција, а следно треба да биде прикажан на Филмскиот фестивал во Њујорк.

 

Поврзани содржини