АРКТИЧКИ БРАН ЈА ЛАДИ ЕВРОПА, НА БАЛКАНОТ ДО 15 СТЕПЕНИ ПОСТУДЕНО Првиот снег може да стигне на планините
Наглата промена ќе се почувствува и во Македонија, каде што температурите во вторник може да паднат значително под просекот. Студот нема долго да се задржи, но може да донесе и прв утрински мраз.
Европа ја очекува нагло заладување откако силен блокирачки антициклон над Северниот Атлантик и Скандинавија ќе отвори пат за продор на поларно-арктички воздух кон истокот и југот на континентот.
Студениот бран ќе го зафати и Балканот, а дневните температури во најпогодените подрачја може да бидат за 10 до 15 степени пониски од долгорочниот просек за овој период, објави Severe Weather Europe.
Фронтот во вторник ќе помине преку поголем дел од Балканот, а во среда ќе продолжи кон Грција, Егејското и Црното Море и Турција. Температурите во пониските и средните слоеви на атмосферата ќе паднат за околу 6 до 10 степени под просекот за крајот на септември.
Најизразено заладување се очекува во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Бугарија. Во вторник температурите во овие земји локално може да бидат за 10 до 15 степени под долгорочниот просек.
Студот во среда посилно ќе се почувствува во Бугарија, Грција и Турција. Во западниот дел на Турција температурите локално може да паднат и зарктички бран, времето во македонија, заладување на балканот,
Најстудено се очекува да биде во вторник и среда. Во централниот и јужниот дел на Балканот дневните температури главно ќе се движат меѓу 10 и 20 степени, по периодот на невообичаено топло време.
Арктичкиот продор, според прогнозата, ќе биде краткотраен. Студениот воздух главно ќе се задржи до средината на неделата, по што од запад повторно ќе почне да навлегува потопла воздушна маса кон централните делови на Европа.
Severe Weather Europe оценува дека продорот привремено ќе го прекине враќањето на топлото време во Источна Европа и ќе донесе една од поизразените временски промени во втората половина на септември.